Вести

  • |

23.05.2019


Средба на македонските и босанските цивилни воздухопловни власти во Скопје


Во рамки на востановената практика за одржување и продлабочување на меѓусебната регионална соработка, во Скопје и Охрид се одржа дводневна средба на претставници од македонските и босанските цивилни воздухопловни власти на највисоко ниво.

Гостите од Босна и Херцеговина ја потенцираа нивната подготвеност за реализација на конкретни активности и развојни проекти во рамки на билатералната соработка помеѓу двете воздухопловни власти. На средбите взаемно беше истакната потребата за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу регулаторните тела во сферата на воздухопловството во регионот на сите нивоа и за меѓусебна помош и поддршка во остварување на зацртаните цели и развојни планови. Исто така, беа потенцирани заедничките заложби за достигнување и исполнување на релевантните меѓународни стандарди и препораки од областа на безбедноста на воздушниот сообраќај и транспорт, како основен услов за остварување на успешни интегративни процеси во глобалниот европски воздухопловен транспортен систем.

Соговорниците го потенцираа значењето и неопходната потреба од заеднички регионален настап и учество во работата на Eurocontrol, ICAO, ECAC, EASA и останатите меѓународни воздухопловни организации и здруженија. На средбите беше договорено меѓусебната соработка да биде интензивирана во наредниот период на оперативно и техничко ниво, преку размена на искуства, знаења и позитивни практики на експертите и стручните лица на конкретни проекти, во рамки на основната дејност на цивилните воздухопловни власти.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika