Вести

  • |

21.05.2019


100 тина детски цртежи пристигнаа за учество на ликовниот конкурс на АЦВ и МОН на тема: Воздухопловни летала на иднина


 

Над 100 детски цртежи од ученици од основните училишта во земјава, пристигнаа за учество на ликовниот конкурс на тема: Воздухопловни летала на иднина, кој го распиша Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со Министерството за образование и наука.

Конкурсот беше затворен на 15 мај годинава, а право на учество на истиот, кој беше поделен во две категории и тоа, за Ликовната творба имаа ученици од 7 до 12 години, и за втората категорија, Ликовна творба во 2-Д или 3-Д, со свои креативни дела,  ученици од 13 до 15 години.

За првите три наградени ученици во двете категории, Агенцијата за цивилно воздухопловство обезбеди дрон, велосипед и тротинет.

За изборот на најдобрите ликовни творби, ќе одлучува посебна жири комисија, во чиј состав, ќе партиципираат вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство и преставник од Министерството за образование и наука.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, изразува огромна благодарност до сите млади креативци од земјава кои се вклучија во ликовниот конкурс, и со тоа дадоа својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија, како гледаат на перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование беше одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку организација на серија од настани и активности.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika