Вести

  • |

29.07.2019


Размена на искуства и знаења меѓу македонските и црногорските SAFA инспектори


Во согласност со годишните планови за размена на искуства и знаења со воздухопловните власти од регионот, тим од SAFA инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 16 до 22 јули 2019 година, престојуваше на аеродромот  во Тиват (LYTV), Црна Гора.

Инспекторите на АЦВ во соработка со црногорските колеги, за време на седумдневниот престој, извршија 32 инспекции на различни авиони и хеликоптери во согласност со SAFA побарувањата. Едновремено, беше реализирана и обука на SAFA инспектор од АЦВ, од страна на сениор инспектор од Црна Гора.

Низ размена на искуства и знаења со стручните тимови на регионалните воздухопловни власти, АЦВ продолжува да демонстрира, максимална посветеност на едукациските елементи на македонските воздухопловните експерти,  да влијае врз зајакнувањето на нивото на безбедност на воздухопловите на трети земји кои ги користат аеродромите во Република Северна Македонија, но и да го подигне степенот на квалитетно и навремено извршување на безбедносните регулаторни функции на Агенцијата, во согласност со меѓународните правила и практики.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika