Вести

  • |

05.07.2019


Средба на македонските и албанските цивилни воздухопловни власти во Охрид


Во рамки на востановената практика за одржување и продлабочување на меѓусебната регионална соработка помеѓу воздухопловните регулаторни тела, во Охрид се одржа средба на делегации од македонската и албанската Агенција за цивилно воздухопловство, предводени од нивните директори, д-р Томислав Тунтев и Крислен Кери.

Гостите од Албанија ја потенцираа нивната детерминираност за реализација на конкретни активности и заеднички развојни проекти во рамки на билатералната соработка помеѓу двете воздухопловни власти. На средбата взаемно беше истакната потребата и заедничките заложби за достигнување и исполнување на релевантните меѓународни стандарди и препораки од областа на безбедноста на воздушниот сообраќај и транспорт, како основен услов за остварување на успешни интегративни процеси во глобалниот европски воздухопловен транспортен систем.

 

Соговорниците ги согледаа и утврдија условите и можностите за заеднички регионален настап и учество во работата на Eurocontrol, ICAO, ECAC, EASA и останатите меѓународни воздухопловни организации и здруженија. На средбата, исто така, беше договорено меѓусебната соработка да биде интензивирана во наредниот период на оперативно и техничко ниво, преку размена на искуства, знаења и позитивни практики на експертите и стручните лица на конкретни проекти и надзорни активности, во рамки на основната дејност на двете цивилни воздухопловни власти.

На средбата обострано беа утврдени и договорени идните конкретни активности во меѓусебната билатерална соработка оваа година - потпишување на договор за користење на албанскиот воздушен простор при слетување на охридскиот аеродром, создавање на експертски пул за меѓусебна регионална оперативна соработка, учество на експерти од АЦВ при сертификација на албанските аеродроми и заеднички ангажман за организација на регионален воздухопловен  експертски форум.

 

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika