Вести

  • |

16.09.2019


TAIEX експертска мисија за истражување и пријавување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство


Во период од 10.09.2019 год. до 13.09.2019 год. во просториите на Министерство за транспорт и врски, беше организирана TAIEX експертска мисија, од страна на Европска комисија, за истражување и пријавување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.

Претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерство за транспорт и врски, Комитет за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, М-НАВ  и ТАВ аеродроми беа дел од оваа експертска мисија која имаше за цел да овозможи совет и насоки за усогласување на националната легислатива со релевантната EU легислатива во областа на пријавување на настани, истражување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство.

За време на мисијата беше направена комплетна анализа на постоечкиот систем кој е воспоставен во македонското цивилно воздухопловство како и на промените кои треба да бидат применети на истиот. Посебно внимание беше посветено на дел од измените кои треба да се воведат.  Дел од споменатите новитетите беа:

  • - Во ECCAIRS базата на податоци која се ажурира во АЦВ да се овозможи пристап и една Национална база на податоци со пријавени настани, инциденти, сериозни инциденти и несреќи во ECCAIRS системот на Комитетот за истражување на несреќи и инциденти во цивилното воздухопловство и истата во иднина да биде ажурирана од страна на експерти во АЦВ и Комитетот.
  • - Поврзување на Националната база со Европскиот централен репозиториум ECR, што е предмет на одобрување од страна на Европската комисија.
  • - Воведување на задолжително и доброволно пријавување на настани со унифицирани форми за пријавување во согласност со Европската регулатива 376/2014 со ADREP таксономија.
  • - Иницијатива на АЦВ да организира обуки на воздухопловната индустријата за начинот на кој треба да ги пријавуваат настаните и користење на формите за пријавување.

Експертската мисија се одвиваше во работна и позитивна атмосвера во која имаше континуирана дискусија и размена на мислења. Експертот кој ја водеше TAIEX мисијата ги сподели и Австриските практики и искуства од областа.

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika