Обраќање на д-р Томислав Тунтев, Директор на АЦВ

  • |

Почитувани,

Доаѓањето на чело на Агенцијата за цивилно воздухопловство за мене преставува вистинска чест, големо задоволство, но и врвен предизвик да го вложам сиот свој личен, стручен и интелектуален потенцијал во интензивирање на развојните стремежи на македонското цивилно воздухопловство, да стане респектибилен партнер во семејството на современите европски и светски воздухопловни партнери.

Мојот долгогодишен професионален ангажман во високите сфери на воздухопловната индустрија, како и стручно и научно-истражувачката дејност во сферата на авијацијата во која вложив голем дел од животот, преставуваат серозен темел и здрава основа да го дадам својот максимум во издигнувањето на македонското воздухопловство на пиедесталот кој го заслужува, со што ќе биде обезбеден економски стабилен, интелектуално и стручно потенцијален, оперативно одржлив, меѓународно компатибилен, ефикасен и просперитетен воздушен сообраќај и транспорт.

Уверен сум дека Агенцијата за цивилно воздухопловство, во рамките на мојот претстоен четиригодишен мандат како нејзин прв човек, ќе продолжи да преставува главен стожер на современите интеграциски процеси, кои ќе значат зголемен број на превезени патници и карго волумен на македонските аеродроми, побројни прелети на воздухопловиво македонскиот воздушен простор, поттикнување на спектарот на можности за патување до поголем број европски и светски дестинации, зајакнување на заштитата на патничките права и подигнато ниво на безбедност во воздушниот сообраќај на македонското небо. Или, со други зборови, сите ние во Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе останеме посветени и доследни на нашата визија и мисија за профилирање и имплементација на интегрирано, безбедно, уредно, ефикасно и еколошки одржливо цивилно воздухопловство, достапно под еднакви услови за сите.

 Со почит,

 д-р Томислав Тунтев

Директор на АЦВ

  • CAA
  • |
  • Dame Gruev 1, 1000 Skopje
  • |
  • Phone + 389 2 3114 046
  • |
  • Fax + 389 23 115 708

developed by artistika