Обезбедување од дејствија на незаконско постапување (security) претставува збир на мерки и активности кои се комбинација на човечки и техничко-технолошки средства наменети за заштита на цивилниот воздушен сообраќај од дејствија на незаконско постапување.Овие дејствија (грабнување на воздухоплов, подметнување на експлозивна направа, диверзија, саботажа и сл.) станаа особено актуелни по настаните од 11 септември 2001, по што уследија големи напори на глобалната заедница за унапредување на севкупните мерки заради заштита на патниците, екипажите, аеродромскиот персонал и општата јавност од ваквите дејствија.

Во согласност со стандардите и препораките на ICAO, ECAC и EU , Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни и контролно-надзорни надлежности во однос на имплементацијата на мерките за обезбедување од страна на субјектите на воздухопловната индустрија.Во тој контекст, преку донесувањето на предвидените програми и др. подзаконски акти се пропишани општите правила за обезбедувањето на аеродромите, авиопревозниците и др. субјекти, правилата поврзани за обуката и сертификацијата на персоналот, како и правилата кои се однесуваат на контролата на квалитетот во примената на мерките.

Системот за обезбедување од дејствија на незаконско постапување (security) е под постојан мониторинг од страна на овластени експерти на ICAO , ECAC, како и експерти на Европската комисија. По редовните и дополнителните проверки, од нивна страна е донесена оцена за висок степен на усогласеност со меѓународните стандарди и препораки.

Со цел забрзување на процедурите за безбедносен преглед на патниците и багажот на аеродромите во Р.Македонија, Агенцијата им препорачува на патниците да ја проучат приложената “листа на забранети предмети“ – предмети кои не смеат да се превезуваат во кабината или во багажниот простор на воздухопловот.

Заради воспоставување на систем на ефективна контрола на системот за обезбедување, Агенцијата ги повикува патниците, екипажите, аеродромскиот персонал и другите субјекти да ги доставуваат своите забелешки и сугестии на поштенската адреса (“Даме Груев“ 1 , 1000 Скопје) или електронската адреса (dimeri@caa.gov.mk)

Skip to content