Проф. д-р Томислав Тунтев, директор на Агенција за цивилно воздухопловство

Со одлука на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 09.01.2019 година, функцијата директор на АЦВ, официјално ја презема проф.д-р Томислав Тунтев и на истата е повторно именуван на 09.01.2023г. со мандат од четири години.

Г-дин Тунтев е роден на 7ми јули 1967 година во Охрид, каде завршил основно и средно образование.

Со високо образование се стекнал на Сообраќајниот факултет во Белград во 1991 година каде е прогласен за најдобар студент на генерацијата 1986 – 1991. Дипломираниот инженер за воздушен сообраќај и транспорт постојано го надградува своето образование, па во 2006 година магистрира, а во 2009 година станува Доктор на науки од областа на техничките науки на Техничкиот факултет во Битола. Во професионалната кариера извршувал одговорни функции на високи нивоа на аеродромите во Охрид и Скопје, а од 1996 година беше редовнo ангажиран како предавач, а подоцна и професор на Техничкиот факултет во Битола.

На функцијата директор на АЦВ, Тунтев доаѓа од позицијата, координатор на пратеничката група на СДСМ. Пратеничкиот мандат, го доби на парламентарните избори во 2016 тата година.

Во рамките на парламентарната надлежност,  Тунтев бил член на повеќе собраниски тела и групи за соработки со голем број меѓународни парламентарни институции.

Во своето професионално портфолио, има набележано и членување во Советот на општина Охрид, раководење со Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Општина Охрид, а во еден мандат и членување во управниот одбор на фестивалот „Охридско лето“.

Широкиот дијапазон на ангажмани на Тунтев, е проширен и во делот на писателската и и публицистичката дејност, во чии рамки,  има објавено повеќе научни трудови и стручни дела и книги.

Г-дин Тунтев е женет, татко на две деца.

Биографија CV

контакт телефон: +389 23181 610

e-mail: ttuntev@caa.gov.mk

Skip to content