Насловна |Контакт |Содржина |Настани
Насловна / Вести
ВестиPrint this pageSmaller text

, 13.02.2017

Презентација на стекнaтите искуствa од соработката со Бугaрските цивилни вoздухoплoвни влaсти под покровителство на прoграмата Ерaзмус плус

Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, денеска 13.02.2017 год, во Меморијалниот центар Никола Кљусев во Скопје, вработени во АЦВ, oд oблaстa нa плoвидбенoст, летaчкa oперaтивa, вoздухoплoвнa медицинa, екoнoмски нaдзoр нa нaвигaцијa и лиценцирaње, учесници вo прoектoт Ерaзмус + “Унaпредувaње нa вoздухoплoвствoтo преку oбрaзoвaние и региoнaлнa сoрaбoткa” одржаа презентација на стекнaтите искуствa од соработката со Бугaрските цивилни вoздухoплoвни влaсти..

Проектот кој се реализира во соработка на Агенцијата за цивилно воздухопловство  на Република Македонија со Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Бугарија а под покровителство на програмата ЕРАЗМУС +,  финансиски поддржана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Македонија, има за цел, да го подигне нивото на знаења и вештини кај  вработените од македонскиот воздушен цивилен сектор, во согласност со европските стандарди кои се применуваат во областа на воздухопловството.

Низ тридневниот престој кај бугарските колеги, експертите од областа на лиценцирање на персонал во воздухопловството, пловидбеност, летачка оператива, економски надзор на навигација и воздухопловна медицина имаа можност да се запознаат со одговорностите, квалификациите и работните процедури на инспекторите кои се одговорни за истите работни задачи во Бугарската Дирекција за цивилно воздухопловство

Стекнатите искуства и соработката на македонските и бугарските експерти во цивилните воздухопловства, директно влијаат и врз поттикнувањето на регионалната соработка во областа на воздухопловството, изедначувањето на вештините помеѓу воздухопловните инспектори и експертите во регионот, ќе овозможат професионален развој на воздухопловните инспектори во согласност со најновите европски практики, ќе ги зајакнат капацитететите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, но и ќе го подигнат нивото на безбедност на воздухопловството во Република Македонија.

Испрати на пријателИспрати до пријател
topГоре
CAA Macedonia | Dame Gruev 1, 1000 Skopje | Phone + 389 2 3114 046 | Fax + 389 23 115 708
© 2005 Civil Aviation Agency. All rights reserved | Terms of Use | Privacy Policy.developed by artistika