КУЛТУРА НА ПРАВИЧНОСТ
Главна цел на пријавувањето на безбедносни настани е спречување на несреќи и инциденти, а не припишување на вина или одговорност.
- Дефиниција
“Култура на правичност“ е култура во која не се казнуваат операторите на терен или другите лица за дејства, пропусти или одлуки кои се во согласност со нивното искуство и обука, но во која не се толерираат крајното невнимание, намерните прекршувања и деструктивните постапки.
Еден од клучните начини за успешно спроведување на Регулативата (ЕУ) 376/2014 е да се постигне „култура на правичност“ во средина на пријавување на настани во воздухопловните организации, регулаторите и истражните органи. Оваа ефективна култура на пријавување на настани зависи од тоа како организациите се справуваат со вината и казнувањето.
„Културата на правичност“ треба да ги охрабри поединците и организациите да пријавуваат информации поврзани со воздухопловната безбедноста. Меѓутоа, не треба да се ослободуваат поединците од нивните вообичаени одговорности. Во овој контекст, вработените и персоналот со договор не треба да бидат предмет на никакви предрасуди врз основа на информациите дадени во согласност со Регулативата (ЕУ) 376/2014.
Доколку лицето смета дека било предмет на санкционирање како резултат на информациите доставени во извештајот за настан, лицето може да го пријави дејството на својот работодавач или организацијата до Агенцијата за цивилно воздухопловство, како одговорно тело за заштита на принципот на култура на правичност.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство номинира одговорно лице за заштита на принципот на култура на правичност.
Пријавувањето на дејството се врши на образец и истиот се доставува на следната е-маил адреса: just.culture@caa.gov.mk. Пријавата може да се достави по пошта или преку aрхивата на АЦВ.
Секоја поднесена пријава за повреда на принципот на култура на правичност ќе ја добие истата доверливост и заштита како што е наведено за доброволно пријавување на настани, согласно член 5 од Регулативата 376/2014.
Со цел да се подигне правичната културна свест, Ве охрабруваме да се погрижите сите лични податоци содржани во пријавите на настани да се избришат пред пријавите да бидат испратени до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија.
Образец за пријавување на повреда на принципот на култура на правичност