Аеродроми и аеродромски услуги
АЦВ има регулаторни надлежности поврзани со безбедноста и сигурноста на воздухопловните пристаништа, леталишта, терени и аеродромските услуги.
- Сертификација на аеродроми, леталишта и терени
Упатство за издавање, продолжување, обновување, промена и пренос на уверението за исполнување на условите за безбедно користење на аеродром, односно леталиште - Одобрување на аеродромски услуги
- Одобрување на аеродромски програми за олеснување, програми за обезбедување, план за тековно и инвестиционо одржување на аеродромите и други планови, програми, прирачници, упатства и сл. за аеродроми и оператори на аеродроми, како и одобрување на субјекти за вршење на геодетски мерења во воздухопловството
- Континуиран инспекциски надзор:
– Инспекција на аеродроми и леталишта,
– Инспекција на аеродромски служби и услуги, и
– Инспекција на службите за обезбедување на аеродроми, авиопревозници и други субјекти од дејствија на незаконско постапување
– Инспекциски назор на препреки во воздухопловството
- Регистрација на аеродроми, леталишта и терени
- Водење на регистар на препреки во воздухопловството
- Издавање на согласности со услови за градба на објекти и планови од аспект на безбедност на воздушниот сообраќај
Покрај основните работи, извршителите во секторот повремено се ангажираат како експерти на работи од домен и на други одделенија и сектори во АЦВ со решенија како членови или координатори на работни групи или комисии, од кои позначајни се следните активности
- Лиценцирање на авиопревозници и други субјекти (дел – обезбедување),
- Изработка на подзаконски акти и упатства од областа на воздухопловството,
- Други комисии и активности поврзани со основните работи како аеродромските комитети за безбедност, обезбедување и за олеснување (на воздухопловните пристаништа),
- Стручно усовршување на курсеви и учество на семинари, обуки, согласно програмата на АЦВ.