Безбедност
Главните регулаторни функции на Агенцијата за цивилно воздухопловство се однесуваат на обезбедување на безбедносно работење на субјектите на воздухопловната индустрија како и на безбедно одвивање на целокупното воздухопловство во Република Северна Македонија.
Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни функции поврзани со безбедноста во сите области во воздухопловството односно летачки операции, пловидбеност на воздухоплови, аеродроми и навигација и се однесуваат на:
-
издавање на уверенија на субјектите на воздухопловна индустрија за обавување на некоја воздухопловна дејност во горенаведените воздухопловни области;
-
издавање на дозволи, овластувања или иверенија за стручна оспособеност на воздухопловен персонал;
-
овластување на организации и центри за обука на воздухопловен персонал;
-
овластување на здравствени установи или лекари поединци за да вршат здравствени прегледи на воздухопловен персонал;
-
иницијален и континуиран надзор на субјектите на воздухопловната индустрија;
-
испитување на воздухопловни инциденти со цел превенција на загрозувањата на безбедноста во воздухопловството;
-
преземање на казнени мерки против сторителите на прекршоци и повреди на одредбите од прописите од областа на воздухопловството.
Регулаторните функции на Агенцијата за цивилно воздухопловство поврзани со безбедноста произлегуваат од Doc.9734 – Safety Oversight Manual на ICAO и се дел од безбедносниот надзорен систем на Република Северна Македонија.