Летање со крила за слободно летање

Во воздушниот простор на Република Северна Македонија со крила за слободно летање може да лета лице кое има дозвола за пилот на крила за слободно летање, издадена од Агенцијата за цивилно воздухопловсто на Република Македонија согласно став (1) на член 3 од Правилникот за начинот и правилата на летање со крила за слободно летање („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 217/2016).

Согласно став (1) член 4 на овој Правилник при летање во тандем (параглајдер/змај) во својство на патник, може да лета полнолетно лице доколку даде писмена согласност дека ги прифаќа ризиците на летот.

По ислкучок на став (1) на овој член, малолетно лице постаро од 10 години може да лета во тандем, во својство на патник, по претходна писмена согласност и присуство на најмалку еден родител или старател на полетувањето.

Пред почетокот на лет со патник, тандем пилотот треба да го запознае патникот со ризиците на летот со тандем, опремата, процедурите за полетување, летање и слетување и со процедурите во вонредни ситуации.

Сопственикот, односно корисникот на крилото кој поседува важечка дозвола за пилот на крила на слободно летање може да го користи крилото само доколку е впишано во Книгата за евиденција која ја води Агенцијата согласно Правилникот за начинот на водење на евиденција на воздухоплови кои не се по ICAO стандарди, како и за аматерски  градени воздухоплови и е во согласност со техничкото упатство за користење на крилото издадено од страна на производителот.

Крилото може да се користи за:

  1. Спортско (рекреативно) летање
  2. Натпревар
  3. Стручно оспособување
  4. Акробатско летање и
  5. Тандем летање (летови со патник)

Крилата кои се наменети на тандем летање треба да поседуваат потврда или сертификат од производителот или друга овластена организација со кои се потврдува дека се наменети за тандем летање и дека се во исправна техничка состојба.

Летање со крила може да се врши од аеродроми, леталишта и терени кои се впишани во регистарот на аеродроми или леталишта, односно евиденцијата на терени на Агенцијата.

Листата се ажурира со секое ново стекнато овластување за тандем пилот.

Skip to content