Одделението за лиценцирање при Секторот за безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во Агенцијата за цивилно воздухопловство е надлежно за лиценцирање на персоналот во воздухопловството и другиот стручен персонал.

Одделението за лиценцирање ги извршува следниве функции:

  • водење регистар за персоналот во воздухопловство и останатиот стручен персонал, овластени испитувачи и одобрени организации за обука;
  • изработка на обрасци и процедури за издавање, продолжување и обновување на дозволи и овластувања на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • издавање, продолжување, обновување, промена, суспендирање и повлекување на дозволи/овластувања/уверенија/одобренија на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • изготвување на Листа на воздухопловни стручњаци за спроведување на испити и проверки на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • организација и спроведување на испити за проверка на стручната оспособеност на летачки персонал;
  • именување и овластување на испитувачи за спроведување на испити вештина и проверка на стручност за летачки персонал;
  • признавање на завршени обуки, програми за обука и положени испити; стекнати дозволи и овластувања во странство;
  • одобрување на програми за стручно оспособување на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал;
  • издавање, продолжување, обновување и промена на Уверение за работа на центри за обука на персонал во воздухопловство и друг стручен персонал.

Агенцијата за цивилно воздухопловство издава дозволи/уверенија за  персонал во воздухопловство и друг стручен персонал.

Е-маил адреса на Одделението за лиценцирање
pel@caa.gov.mk

Документи:

ДИРЕКТИВА ЗА ОПЕРАТИВНА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ НА ПИЛОТИ НА ВОЗДУХОПЛОВ БЕЗ ЕКИПАЖ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЛЕТАЧКИ ПЕРСОНАЛ – 2023/01

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЛЕТАЧКИ ПЕРСОНАЛ – 2023/02

СПИСОК НА ОРГАНИЗАЦИИ И ЦЕНТРИ ЗА ОБУКА

ДОЗВОЛИТЕ НА ПИЛОТИ НА АВИОНИ ЦЕЛОСНО ВО СОГЛАСНОСТ СО JAR-FCL 1

ТЕРМИНИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ТЕОРЕТСКИ ИСПИТИ ЗА ПИЛОТИ НА ВОЗДУХОПЛОВИ ЗА 2024 ГОДИНА

ЛИСТА НА ВОЗДУХОПЛОВНИ СТРУЧЊАЦИ ЗА АТСЕП ПЕРСОНАЛ

СПИСОК НА ДОЗВОЛИ И УВЕРЕНИЈА ЗА ПЕРСОНАЛ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВОТО КОИ ГИ ИЗДАВА АЦВ

УПЛАТНИЦИ ЗА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА И УПЛАТНИЦА ПО ТАРИФНИК

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ АИС ПЕРСОНАЛ

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА КЛ,ПКЛ,ФМП

ЛИСТА ЗА ВОЗДХУХОПЛОВНИ СТРУЧЊАЦИ БАЛОНИ

ЛИСТА НА ИСПИТУВАЧИ ЗА ПИЛОТИ НА АВИОН И ХЕЛИКОПТЕР

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА ПИЛОТИ ЗА ЛЕТАЊЕ НА КРИЛА-КЛАСА ПАРАГЛАЈДЕР И КЛАСА ЗМЕЈ ВЕРЗИЈА 4

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА МЕТЕО ПЕРСОНАЛ

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА ОПШТ СТРУЧЕН ПЕРСОНАЛ

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА ПАДОБРАНСКИ ПЕРСОНАЛ

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА ПИЛОТИ ЗА ЕДРИЛИЦА

ЛИСТА НА СТРУЧЊАЦИ ЗА ПИЛОТИ НА УЛ

ТАРИФНИК ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА АЦВ

СПИСОК НА ИМАТЕЛИ НА ДОЗВОЛА ЗА ПИЛОТ НА ПАРАГЛАЈДЕР

СПИСОК НА ИМАТЕЛИ НА ДОЗВОЛА ЗА ТАНДЕМ ПАРАГЛАЈДЕР

СПИСОК НА АЕРО-МЕДИЦИНСКИ ИСПИТУВАЧИ (AMES), ВОЗДУХОПЛОВНИ-МЕДИЦИНСКИ ЦЕНТРИ (AEMCS) И ОДОБРЕНИ ЛЕКАРИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ (OHMPS)

СООПШТЕНИЕ ЗА ВПИШУВАЊЕ ВО ЛИСТА НА ВОЗДУХОПЛОВНИ СТРУЧЊАЦИ 2023-2024

Skip to content