ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ПО ДЕЛ 66
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ПО ДЕЛ 66
Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе организира полагање на испити за модулите 9 и 10 кои се потребни за конверзија на националните АМС и ИРЕ (Тип II) дозволи во дозволи по Дел 66. Воедно на истите можат да се јават и лица кои сакаат да стекнат Дел 66 дозвола.
Агенцијата за цивилно воздухопловство, исто така, ќе организира полагање на испити за модул/подмодул потребни за отстранување на лимитации стекнати при конверзија на националните АМС и ИРЕ (Тип II) дозволи во дозволи по Дел 66 и испити за стекнување на Дел 66 дозволи.
Испитите за модул/подмодул ќе се спроведат од 01.04.2024 година на Спортски Аеродром Стенковец
Потребно е, со цел навремено огранизирање на испитите за модул/подмодул до 31.01.2024 година да доставите соодветно Барање:
- за отстранување на лимитации од Дел 66 дозвола- AIR-FRM-608A Application form for examination by the competent authority for removing limitations и/или
- за конверзија на националните АМС и ИРЕ (Тип II) дозволи во дозволи по Дел 66 и стекнување на Дел 66 дозвола – AIR-FRM-608B Application form for examination by the competent authority
и копија од националната АМС или ИРЕ (Тип II) дозвола или Дел 66 дозвола.
Со Барањето потребно е да доставите уплата по Тарифник за секој пријавен испит за модул/подмодул (цел на дознака ЛИЦ.14.10 – 30 евра за 1 модул). Доколку имате повеќе подмодули од ист модул, ако подмодулите се наоѓаат во исти и/или различни лимитации, се плаќа само за еден испит..
- Прилог 1 – Распоред на испити за Април 2024 година
- Прилог 2 – Табели со Сценарија за конверзија на националните АМС и ИРЕ (Тип II) дозволи во дозволи по Дел – 66 каде се дадени потребните модули/подмодули за отстранување на впишаните ограничувања.
- Прилог 3 – Табела со потребните модули за стекнување на Дел 66 дозвола со соодветна категорија или поткатегорија заедно со бројот на прашања по модул.
- Прилог 4 – Програма за секој модул по Дел 66
- Прилог 5 – Таблица со потребни модули за додавање на дополнителна категорија/поткатегорија
- Прилог 6 – AIR-FRM-608A Application form for examination by the competent authority for removing limitations
- Прилог 7 – AIR-FRM-608B Application form for examination by the competent authority
- Прилог 8 – Уплатници
- Прилог 9 – AIR-FRM-613 – Испитни правила (Examination rules)