МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
МЕРКИ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ
Мерките за контрола на квалитетот на обезбедувањето се реализираат согласно Националната програма за контрола на квалитетот на обезбедувањето на цивилното воздухопловство, преку следните активности : целосна инспекција, инспекција, проценка; тестирање на обезбедувањето и безбедносна истрага. Овие активности имаат за цел проверка на инволвираните субјекти дали ефективно и правилно ги спроведуваат мерките за обезбедување на цивилното воздухопловство утврдени со законските и подзаконските акти кои регулираат оваа материја, и вклучуваат:
- Мерки за контрола на квалитет на аеродромски оператори;
- Мерки за контрола на квалитет на авиопревозници;
- Мерки за контрола на квалитет на даватели на услуги на воздухопловна навигација;
- Мерки за контрола на квалитет на регулирани агенти за карго и пошта;
- Мерки за контрола на квалитет на овластени набавувачи на залихи кои се носат за време на лет, и
- Мерки за контрола на квалитет на овластени центри за обука на персонал за обезбедување и друг стручен персонал.
- Мерки за контрола на квалитет од областа на сајбер безбедност