ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТНИЦИТЕ

Сите патници, нивниот кабински и регистриран багаж подлежат на безбедносен преглед пред да им биде дозволен пристап до ограничените зони на аеродромот. Безбедносниот преглед се врши на безбедносните пунктови рачно, со технички средства или комбинирано, со двете методи.

Примарната цел на безбедносниот преглед е да се спречи внесување на забранети предмети во ограничените зони и воздухопловите, како и да се спречат дејствија на незаконско постапување против цивилното воздухопловство.

Списокот на предмети кои се класифицирани како предмети кои се забранети да се внесуваат во воздухоплов може да се најде на следниот линк (список на забранети предмети), додека за дополнителни информации од оваа област патниците се упатуваат да го контактираат авиопревозникот или туроператорот.

Технологијата која се користи за вршење на безбедносен преглед не може да ги оштети Вашите електронски уреди.

Течности

Под течности се подразбираат пијалаци, течности во боци под притисок (дезодоранси, пена на бричење и слично), гелови, пасти, пасти за заби, течни/цврсти супстанци, сирупи, лосиони и истите подлежат на строги контроли, па така само следните течности можат да бидат внесени во рачниот багаж откако претходно ќе бидат пријавени на безбедносниот пункт:

  • Течности купени во продавниците на “duty free’ кои се запечатени во специјализирани кеси за безбедносен пренос (STEBs) при што сметката со впишано време на наплата останува запечатена во кесата за безбедносен пренос.
  • Течности во пакување до 100мл или помалку, спакувани во поединечна, транспарентна, пластична кеса со закопчување, до 1 литар.
  • Лекови и специјални диететски суплементи (како што е храната за бебиња).

Сите останати течности кои не се предвидени како дозволени за внес во кабинскиот багаж (hand luggage) патниците треба да ги сместат во својот регистриран багаж (hold baggage).

Како можат патниците да помогнат и придонесат кон ефикасен и брз безбедносен преглед?

  • Припремете се навреме за Вашиот лет и пронајдете ги потребните информации во врска со предметите кои не се дозволени да се внесуваат во безбедносно ограничените зони и воздухопловите

  • Спакувајте ги во Вашиот багаж (кабински и регистриран) само предметите кои се дозволени и се во согласност со Списокот на забранети предмети и правилата кои важат за превоз на забранети предмети, течности и опасни материи, како не би ризикувале потенцијална забрана за влез во воздухоплов или задржување на Вашиот багаж. Спакувајте го Вашиот багаж само со Ваши предмети и ствари и не земајте предмети од други лица
  • Течностите кои ги носите во кабинскиот багаж, а кои претходно сте ги сместиле во пакување до 100мл или помалку поставете ги во специјална транспарентна кеса како во инструкциите погоре
  • Пристигнете на аеродромот навреме како би избегнале непријатности при постапките за поаѓање
  • Доколку носите оружје наменето за превоз за кое ги исполнувате условите истото да биде превезено на лет, пријавете го тоа на лицето кое ја врши постапката за пријавување на лет (check-in)
  • На безбедносниот пункт за преглед на патници и кабински багаж, во посебните пластични кутии поставени пред метал детекторската врата одложете ги Вашиот метален накит, саат, ситни пари или слични предмети кои во себе содржат метал
  • Доколку носите течности во кабинскиот багаж кои се однапред спакувани согласно горе-наведените напатствија, истите извадете ги од кабинскиот багаж
  • Доколку носите електронски уреди, лаптопи, апарати или други поголеми електронски уреди, истите одложете ги во посебните пластични кутии поставени пред метал детекторската врата како би биле посебно прегледани
  • Отстранете ја јакната или капутот и истата поставете ја во посебна пластична кутија поставена пред метал детекторската врата
  • Бидете подготвени да го извадите каишот и чевлите и истите да ги одложите во посебните пластични кутии поставени пред метал детекторската врата, на барање на овластеното лице за обезбедување
  • Следете ги останатите инструкции дадени од страна на овластеното лице за обезбедување
Skip to content