Обраќање на Драги Стојаноски, Директор на АЦВ
Добивањето на четиригодишен мандат, да раководам со Агенцијата за цивилно воздухопловство, за мене преставува вистинска чест, големо задоволство, но и врвен предизвик да продолжам да го вложувам сиот свој личен, стручен и интелектуален потенцијал во интензивирање на развојните стремежи на македонското цивилно воздухопловство, да стане респектибилен партнер во семејството на современите европски и светски воздухопловни партнери.
Изборот да бидам директор на највисокото независно регулаторно тело на цивилното воздухопловство во земјава, претставува несомнена потврда и признание за успешноста и реализираноста на утврдената деловна политика, која сум ја застапувал како носител на повеќе значајни раководни позиции во АЦВ, во изминатите 17 години, од мојот професионален ангажман.
Во мојот четиригодишен мандат влегувам со позитивна мисла и висок степен на ентузијазам, македонското цивилно воздухопловство да го одржиме на пиедесталот кој значи високо развиена општествено економска гранка. Дејност, која ќе преставува вистински предизвик за привлекување на младите и перспективни генерации.
Со креирање на современи, развојни политики, како и фукционална менаџерска политика, во претстојниот период, ќе останеме посветени на курсот на работа и развој, во функција на обезбедување безбеден, ефикасен, и сигурен воздушен транспорт на луѓе и стоки. Унапредување на кадровскиот и технички потенцијал на АЦВ, како и интензивирање на процесите на имплементација и усогласување на домашното со европското законодавство остануваат врвен приоритет, јасно дефиниран во стратешките определби и развојни компоненти на Агенцијата. Во целосна констелација и почитување на меѓународните правила и стандарди, со однапред усвоена платформа, остануваме посветени на процесот на стручна обука и едукација на воздухопловниот кадар, како во духот на развиените технолошки достигнувања, така и преку одржување редовни едукативни обуки, средби и конференциски врски, во соработка и поддршка со нашите европски воздухопловни партнери.
Истовремено, ќе продолжиме во континуитет со високо професионален и стручен надзор врз работата на сите субјекти во македонската авиоиндустрија, со што ќе обезбедиме уреден, безбеден, економски и еколошки одржлив воздушен транспорт, во согласност со меѓународните правила и стандарди, а достапен под еднакви услови за сите. Соработката, со воздухопловните власти од државите од регионот и пошироко, и понатаму останува еден од приоритетите на деловната политика на АЦВ, што ќе овозможи ефикасна и делотворна интеграција на македонскиот воздухопловен транспортен систем во европските и глобалните современи воздухопловни текови.
Со силна волја и позитивна енергија на сите чинители на воздухопловната индустрија, остануваме доследни на зајакнувањето на капацитетите на воздухопловната транспортна мрежа, која на својата воздушна мапа, во светски рамки, од година во година нотира стотици илјади воздушни линии, милијарди превезени патници, како што впрочем и му доликува на современиот начин на општествено живеење, со развиени комуникациски вредности, трансфер на патници и стока, својствени за 21 век.
Со почит,
Драги Стојаноски
Директор на АЦВ