информации од јавен карактерОперации со воздухоплови

Законот за воздухопловство врши поделба на воздухопловните дејности во кои се вклучени летачки операции со воздухоплови на:

  • јавен воздушен превоз
  • превоз за сопствени потреби
  • специјализирани услуги со воздухоплов
  • воздухопловно-спортски активности
  • обука на летачки персонал

АЦВ е надлежен орган за издавање на уверенија на воздухопловните субјекти за да вршат некоја од горенаведените воздухопловни дејности и да врши инспекциски надзор.

Јавен воздушен превоз
Дејноста јавен воздушен превоз е комерцијална дејност која опфаќа превоз на патници, багаж, пошта и карго за одреден надоместок под услови достапни за јавноста.
Јавниот воздушен превоз може да биде редовен или нередовен превоз.

Нередовниот јавен воздушен превоз може да се врши како чартер превоз или авио такси превоз. Во моментов нема домашни авиопревозници овластени од АЦВ да вршат јавен воздушен превоз.

Превоз за сопствени потреби
Дејноста превоз за сопствени потреби е некомерцијална дејност која опфаќа превоз за потребите на самиот превозник и негови деловни партнери. Домашен превозник овластен од АЦВ за да врши превоз за сопствени потреби е Службата на Владата на Република Македонија за општи и заеднички работи ‐ СОЗР.

Контакт информации за СОЗР:
ул.Кузман Јосифовски Питу,
тел./факс. 02 3224 269, 02 3223 065

Специјализирани услуги со воздухоплов
Дејностите поврзани со извршување на специјализирани услуги со воздухоплов се комерцијални дејности и опфаќаат: авиотретирање и исфрлање на хемиски средства и вода за потребите во земјоделие, шумарство, здравство, гаснење на пожари, рекламирање со воздухоплов односно влачење пароли, исфрлање на летки, снимање и слично.

За извршување на специјализирани услуги со воздухоплови во Република Северна Македонија, од страна на АЦВ се овластени:
– Дирекцијата за заштита и спасување
– Правното лице Бониер.

Контакт информации за Бониер можат да се најдат на веб страна: www.bonier.com.mk
Контакт информации за Дирекција за заштита и спасување можат да се најдат на веб страна: www.dzs.gov.mk

Воздухопловно‐спортски активности
 Воздухопловно‐спортски активности се активности кои опфаќаат
– организирање на спортски летови со цел рекреативно летање
– постигнување на спортски резултати односно натпревари
– организирање на воздухопловни манифестации и слично.

Воздухопловно‐спортски активности извршуваат повеќе клубови и здруженија:

  1. Аероклуб „Мирко Тодоровски“ – С.Логоварди, Битола

(воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, летање на ултралесни летала, падобранство, едриличарство, моторно летање)

  • Спортски аеродром „Битола“ с.Логоварди
  1. Аероклуб „Доне Божинов“ – Куманово

(падобранство, едриличарство, моторно летање)

  • – Спортски аеродром „Аџитепе-Режановце“ Куманово
  1. Аероклуб „Скопје“ – Скопје

(воздухопловно моделарство, падобранство, едриличарство, моторно летање)

  • Спортски аеродром „Скопје -Стенковец“ Скопје
  1. Аероклуб „Штип“ –Штип

(воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, параглајдерство, падобранство , едриличарство, моторно летање)

  • Спортски аеродром „Сушево“ Штип
  1. Аероклуб „Прилеп“- Прилеп

(воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, змејарство, летање со ултралесни летала,  падобранство, едриличарство, моторно летање)

  • Спортски аеродром „Мало Коњари“ –Прилеп
  1. Клуб за воздухопловни спортови „Хели ХЦ“-Скопје

(параглајдерство, змејарство)

  • Матичен терен Врв „Водно“ – с.Ајватовци
  1. Параглајдерски клуб „Вертиго“-Скопје

(параглајдерство )

  • Матичен терен Врв „Водно“ – с.Ајватовци
  1. Параглајдерски клуб „Делта“- Прилеп

(параглајдерство, змејарство)

  • Матичен терен „Рибник- Мечкин Камен“ -Крушево
  1. Клуб за лесни летала „Скајрајдерс“- Прилеп

(параглајдерство, змејарство)

  • Матичен терен „Рибник- Мечкин Камен“ – с.Сарандиново, Крушево
  1. Аероклуб „Младост“ – Струмица

(воздухопловно моделарство, ракетно моделарство, параглајдерство)

  1. Летачки Клуб „Љуботен“- Тетово

(параглајдерство)

  • Матичен терен „Попова Шапка“ – Тетово
  1. Парагјалдерски Клуб „Стрижак“- Струга

(параглајдерство)

  • Матичен терен „Три шилка“ – Струга
  1.  Параглајдерски Клуб „Букефал“- Скопје

(параглајдерство)

  • Матичен терен с.Ајватовци-Скопје, „Рибник-Мечкин камен“-Крушево
  1. Параглајдерски Клуб „Екстрема“- Скопје

(параглајдерство)

  1. Параглајдерски Клуб „Кондор“- Гостивар

(параглајдерство)

  1. Аероклуб „Витачево“-Кавадарци
  1. Ракетно воздухопловен клуб „Циолковски“- Прилеп
  1. Параглајдинг клуб “Аквила“ – Велес
Skip to content