Организација
Агенцијата за цивилно воздухопловство е организирана како воздухопловна власт на Република Северна Македонија со организациoна структура која обезбедува квалитетно и навремено извршување на безбедносните регулаторни функции опишани во ICAO Annex 19 и Doc.9734 (Safety Oversight System) како и останати функции поврзани со надзор на обезбедувањето (Security), економски надзор, права на летање итн.
Главни тела на Агенцијата се Управен одбор и Директор. Управниот одбор се избира од страна на Собранието на Република Северна Македонија. Директорот се избира од страна на Управниот одбор.
Во рамките на АЦВ функционираат следните организациони единици:
Канцеларија за поддршка на директорот воспоставена заради непосредно извршување на работи кои се однесуваат на подршка на работењето на директорот.
Внатрешен ревизор кој води грижа за извршување, организирање и координирање на работењето на внатрешната ревизија, утврдување на постоење на конфликт на интереси при извршувањето на работните задачи, утврдување на нерегуларности и/или измами кои може да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка и др. согласно законските надлежности.
Одделение за обезбедување во воздухопловството кој е надлежен за извршување на функции поврзани со надзор на обезбедувањето (Security) кај авиопревозници, аеродроми и даватели на услуги на воздухопловна навигација.
Сектор за правни и општи работи ги врши работите што се однесуваат на нормативно-правни и стручно-административни работи во врска со управувањето со човечките ресурси, работните односи и другите правни прашања, врши непосредна контрола и надзор над извршувањето на правните и општите работи и води грижа за исполнување на обврските на Агенцијата кои произлегуваат од националните прописи кои немаат меѓународен елемент, изготвува мислења и акти согласно закони, колективните договори и други прописи со кои се утврдуваат правата и обврските на вработените, дава стручна, техничка и организациска поддршка на Управниот одбор на Агенцијата, води грижа за проектирање, инсталирање, одржување и развој на информатичкиот систем во Агенцијата и се грижи за следење и доследно спроведување на законската регулатива од областа на јавните набавки.
Сектор за финансиски работи кој е надлежен за извршување на функции поврзани со финансиското работење на Агенцијата, како и економски надзор на авиопревозници, аеродроми и давателите на услуги на воздухопловна навигација.
Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација кој е надлежен за извршување на главните регулаторни функции поврзани со безбедноста на аеродромите, аеродромските услуги и воздухопловна навигација. Главните регулаторни функции на овој сектор опфаќаат сертификација, надзор и надзорни мерки спрема операторите на аеродромска инфраструктура, давателите на аеродромски услуги, даватели на услуги на воздухопловна навигација, како и организација на потрага и спасување на воздухоплови и испитување на воздухопловни инциденти.
Овој сектор исто така е надлежен и за заштита на правата на патници со посебни потреби и лицата со намалена подвижност во воздушниот сообраќај.
Сектор за меѓународно правни работи кој е надлежен за извршување на дел од главните регулаторни функции поврзани со регулирање на безбедноста, обезбедувањето, економските аспекти на воздушниот сообраќај и друго.Регулирањето преставува нормативна дејност на АЦВ со цел креирање на правна рамка по која ќе работи воздухопловната индустрија и опфаќа изготвување и донесување на национални прописи со цел усогласување со меѓународните и европски воздухопловни стандарди и прописи и учество во изготвување на меѓународни договори.
Овој сектор исто така е надлежен и за заштита на правата на патниците поврзани со долго доцнење на лет, откажување на лет или забранет влез во воздухоплов и други права кои произлегуваат од прифатените меѓународни договори, како и за издавање одобренија за летање и сообраќајни права на авиопревозниците.
Сектор за воздушен сообраќај кој е надлежен за извршување на главните регулаторни функции поврзани со безбедност на воздушниот сообраќај. Главните регулаторни функции на овој сектор опфаќаат сертификација, сертификација на центри за обука на воздухопловен персонал, надзор и надзорни мерки спрема оператори на воздухоплови, организации за градба, дизајн и одржување на воздухоплови, регистрација на воздухоплови, издавање на пловидбеност и негова континуирана проверка како и лиценцирање на воздухопловен персонал.