Заштита на правата на патници со посебни потреби и патниците со намалена подвижност
Заштита на правата на патници со посебни потреби и патници со намалена подвижност
ЕУ Регулативата 1107/2006 ги обврзува тур-операторите, авиопревозниците и менаџерските тела да обезбедат висококвалитетна и практична помош на патниците со посебни потреби и патниците со намалена подвижност со цел да имаат еднакви можности за патување како и останатите патници.
Регулативата препознава повеќе видови на посебни потреби, како и тоа дека причините за намалена подвижност може да варираат од лице до лице. Тие можат да вклучуваат видливи потешкотии при одењето поради повреда или старост и потешкотии кои се помалку видливи како нарушување на видот или слухот, интелектуална попреченост итн.
Правилата велат дека секое лице кое има попреченост, без разлика на тоа дали е превремена или трајна и без разлика на причината, има право на одредена помош за време на лет. Најважно е да се има во предвид дека било кој вид на ваква помош е бесплатна.
Доколку ви треба помош можете да очекувате дека ќе ја добиете кога патувате преку аеродромите на било која ЕУ земја или ЕЗВО/ЕСАА земја (Западен Балкан, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн) како и на летовите кои полетуваат од овие земји. Исто така, имате право на помош и на летовите кои пристигнуваат во овие земји доколку тие се одвиваат со ЕЗВО/ЕСАА авиопревозници.
Авиопревозниците и аеродромските тела за управување имаат најважна улога во имплементирањето на горенаведената регулатива.