Регулатива
Како една од најважните надлежности на АЦВ е регулирањето односно воспоставувањето на национален правен систем за сите воздухопловни области.
Регулаторните функции на АЦВ поврзани со регулирањето ги извршува нејзиниот Сектор за меѓународно правни работи.
Извршувањето на регулаторните функции поврзани со регулирањето опфаќа:
- изготвување и донесување на безбедносни, сигурносни и економски воздухопловни правила и прописи;
- транспозиција на меѓународни и европски стандарди и правила во националните прописи;
- учество во склучување на билатерални и мултилатерални договори;
- грижа да другите национални прописи се во согласност со воздухопловните правила и прописи и ратификуваните меѓународни договори за воздушен сообраќај.
АЦВ води евиденција на сите воздухопловни правила и прописи во Збирка на воздухопловни прописи и на меѓународните договори во Збирка на меѓународни договори.
Упатство:
Оние прописи од Збирката на воздухопловни прописи кои не можат да се отворат на оваа веб страна може да се најдат по бројот на службениот весник на веб страната на Службен весник www.slvesnik.com.mk со отварање на рубриката “Бесплатни изданија“.
АЦВ води евиденција на сите транспонирани меѓународни и европски стандарди и правила во националните прописи на Република Северна Македонија:
Статус на транспонирани ЕУ регулативи и директиви од ЕЗВО спогодба
АЦВ врши превод и води евиденција на преводите на прифатените меѓународни и европски стандарди и прописи.