МИА, 10.02.2010

 

Атина, 10 февруари (МИА) – Турски борбени авиони повторно го повреди воздушниот простор на Грција над Егејското Море, објави денеска Катимерини.

Според весникот, инцидентот се случил вчера претпладне кога четири Ф-16 и четири Ф-4 навлегле во воздушниот простор над островот Самос. Еден авион Ф-4 потоа извршил низок лет над островото Фармакониси. Амбасадата на Грција во Анкара вложи официјален протест до турските власти поради тој инцидент. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу неодамна во писмо до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган укажа дека таквите провокации не придонесуваат за подобрување на односите меѓу Анкара и Атина, и побара инцидентите да бидат прекинати.