МРТ, 15.02.2010

 

Најсериозен купец на хрватскиот авиопревозник Кроација Ерлајнс, е долгогодишниот партнер Луфтханза која најдобро ја поднесе економската криза, јави Бгнес.

Кроација ерлајнс за разлика од ЈАТ има поголеми шанси да биде продаден, затоа што компанијата не е толку голема за да треба потполно да се преобрази и за да би станала профитабилна. „Кроација Ерлајнс е во многу подобра ситуација од ЈАТ, кој е организиран како „диносаурус“ од изминатите времиња, но ако биде приватизиран, новите сопственици ќе бараат значајни промени.

Ние бараме нови пазари и имаме проекти на видик, па добрата вест е што се чувствува подобрување на пазарот за 5 до 6 отсто“ изјави Зено Сингер, косопственик на хрватската Дубровник Ерлајнс.