МИА, 15.02.2010

 

Со директни чартер летови на „Трансавиа“, ќерка на холандскиот национален превозник „КЛМ“, од Амстердам за Скопје и Охрид, Холандско-македонскиот туроператор „Каратанов турс“ ќе се обиде да привлече холандски туристи во Македонија.

Целта на туроператорот, сопственост на струмичанецот Васко Коцинов кој 19 години работи во Холандија, е 40.000 холандски туристи годишно да ја посетат Македонија, бројка што била реалност во осумдесеттите години на минатиот век. За разлика од тогаш, лани само 5.000 Холанѓани претстојувале во нашата земја.- Воведувањето на чартер линијата е од историска важност за развој на туризмот во Македонија.

Доколку линијата се покаже рентабилна КЛМ планира да воведе директна линија од Амстердам за Скопје со што Македонија ќе биде директно поврзана со транзит леталиштето за светот, рече Коцинов на денешната прес-конференција.Тој посочи дека за успешност на чартер линијата се потребни патници во двата правици и ги повика македонските туроператори да обезбедат македонски туристи кои ќе ја посетуваат Холандија.Коцинов нагласи дека во последните девет години работеле напорно за привлекување холандски туристи во Македонија и додаде дека покрај Охрид, по кој земјава е најпозната, Македонија може да понуди и други видови туризам како религиозен, пешачки, велосипедски,…. Затоа чартер летови за Охрид ќе бидат организирани во високата сезона, а во останатиот период за Скопје.

Посакувајќи им добредојде на холандските туроператори министерот за економија Фатмир Бесими рече дека по две децении заедничка цел на холандските и македонските туроператори е повторно да се врати бројкта од 40.000 холандски труисти во Македонија. За тоа, како што кажа, е потребно многу работа.- Македонија нуди природа, културно богатство и квалитетна кујна. Тоа се трите работи кои треба да се искористат за на најсоодветен начин да се презентираат нашите вредности што не прават специфични и уникатни во регионот, рече министерот Бесими.Тој и се заблагодари на холандската амбасадорка во Македонија Симоне Филипини за помошта во претставувањето на туристичките можности на Македонија на Саемот во Утрехт.Според него, една од причините за развојот на туризмот во Македонија се субвенциите што им се нудат на туроператорите за носење странски туристи во земјава. Такви субвенции, како што кажа, ќе им се дадат и на холандските туроператори.Владо Шуклоски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија истакна дека Холандија е една од земјите со национална традиција за туризам и патување во најразлични земји заради најразлични интереси.

Поради тоа, како што рече, се прави и обидот за нивно поголемо привлекување во Македонија. Шуклоски посочи дека за организиранње на „фан турите“ нашле на големо разбирање од македонските туроператори и хотелиери.Со нив, како што кажа, холандската амбасадорка Филипини, утре во Охрид ќе се сретнат новинарите и туроператорите од Холандија кои се во тридневна посета на Македонија со цел да се запознаат со туристичките потенцијали, природните убавини и можностите за одмор што се нудат.- Една од причините што Холанѓаните ја посетауваат Македонија е споменикот на холандскиот писател Ден А. Долард во Охрид. Тој живеел и пишувал за тој град, заради што Холанѓаните се фасционирани од Македонија, рече амбасадорката Филипини, додавајќи дека воведувањето на чартер линијата е најважниот чекор за привлекување холандски туристи.