МРТ, 16.02.2010

 

Вработените во италијанскиот авиопревозник Алиталиа денеска ќе стапат во четиричасовен штрајк, за да предупредат на проблемите при усогласувањето на нивните договори со компанијата Ер Уан (AirOne), која лани ја презеде Алиталиа.

Штрајк за попладне најавија и вработените во италијанските авиокомпании Јурофлај и Меридиана, поради најавеното намалување на работните места. Се очекува прекинот на работата на вработените во трите компании да предизвика доцнења и откажувања на летови во Италија.