Туристичките работници од Охрид со туроператори од Холандија – Холанѓаните ќе тргнат по патот на А Ден Долард
Вечер, 17.02.2010
Културниот и руралниот туризам, Охридското Езеро, а пред се приказната на холандскиот писател А ден Долард, ќе ги привлекува туристите од Холандија да се вратат на охридско-струшката ривиера.
Ова се очекувањата на туристичките работници од Македонија кои вчера во Охрид остварија средба со новинари и туроператори од Холандија.-Веќе се продаваат авионски карти во Холандија. Субвенционирањето даде силен поттик тие да се вклучат во аранжман на чартер лет до Македонија. Нивните импресии се доста позитивни. Македонија има доста што да понуди – рече Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за промоција и развој на туризмот. За Гоце Симоноски, раководител на општинскиот сектор за локален економски развој, бизнисот е дел од активностите кои ќе ги вршат денес хотелите и агенциите. -Наше е да ги донесеме туристите, но најбитен е маркетиншкиот дел. Присуствуваме на саеми и сконцентрирани сме кон целните групи на туристи кои континуирано доаѓаа кај нас – вели Симоноски.
Според Денис Пан, стручен советник во агенцијата Каратанова, воспоставувањето на бизнис соработка со македонските туроператори и агенции ќе придонесе од идната година Холанѓаните да уживаат во природните убавини на Македонија. -Ова е прекрасна земја и привлечна за нашиот народ – нагласи Пан.
Сопственикот на Каратанова, Васко Коциров рече дека лани биле организирани девет чартер летови и најави дека во Холандија веќе се рекламираат идните чартер летови.-Идејата за рурален туризам што ја започнав како хоби во 2003 година сега ја реализирам поорганизирано. Ова е само почеток и ако биде успешна годинава, ви гарантирам дека од идната година ќе воспоставиме и директна редовна линија со Трансавија за Амстердам – рече Коциров. Тој нагласи дека Македонија најдобро ја познаваат религиозните луѓе кои ја среќавале во библијата, но како што рече: “Се прават напори со оваа прекрасна земја да се запознаат и другите групи на луѓе, како и туроператорите”. Холандската амбасадорка во земјава,
Симоне Филипини најави дека ова е првиот чекор за интензивно носење на холанските туристи како во старите добри времиња.-На ова поле интензивно работиме заедно со општините Охрид и Струга – истакна Филипини. Новинарите од Холандија денеска ја завршуваат тридневната посета во Македонија каде се запознаваа со туристичките потенцијали кои подоцна ќе ги промовираат во нивните медиумски куќи.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк