МРТ, 19.02.2010

 

Авион на Јунајтед Ерлајнс кој летал на релација Денвер-Сан Франциско, бил пренасочен кон Салт Лејк Сити во Јута откако во кабината за патници било пронајдено заканувачко писмо, јавија светските медиуми.

Патниците останаа во своите седишта додека вршевме детална проверка на авионот марка Боинг 757, соопшти портпаролот на аеродромот Салт Лејк Интернешнал, Барбара Ган. Таа додаде дека багажот на сите патници бил изнесен на пистата каде полицијата заедно со трагачки кучиња го барала експлозивот.

Во истрагата учествувале ФБИ, антитерористичката единица АТФ и пожарникари од Салт Лејк Сити. Инцидентот не влијаел на распоредот на останатите летови.