МИА, 22.02.2010

 

Берлин, 21 февруари (МИА) – Пилотите на најголемата германска авиокомпанија „Луфтханза“ од вечерва стапуваат во штрајк, кој ќе трае до петок и поради кој ќе бидат засегнати 3.200 летови. Штрајкот на „Луфтханза“ ќе влијае и на работата на нејзините филијали „Џерманвингс“ и „Луфтханза карго“. Ова е најголемиот штрајк во историјата на германските авиолинии и авиокомпанијата ќе ја чини десетици милиони евра.

Во „Луфтханза“ работат 4.500 пилоти. Нивниот синдикат Кокпит во мај побара зголемување на платите за 6,4 проценти и ветување оти нема да има отпуштања. Искусните пилоти во „Луфтханза“ добиваат плата меѓу 110 илјади и 250 илјади евра годишно.