А1, 22.02.2010

 

Повеќе од 4 илјади пилоти на германскиот авиопревозник Луфтханза, на Луфтханза Карго и на нискобуџетната Џерман Вингс на полноќ почнаа четиридневен штрајк.Тие бараат поголема безбедност на работа, како и пилотите вработени во странство да добијат зголемување на платите колку и нивните германски колеги за да се спречи одлив на вработени во соседните земји.

Штрајкот ќе предизвика проблеми не само во домашниот, туку и во меѓународниот сообраќај бидејќи Луфтханза ги препраќа патниците во други авиокомпании или со возови, а компанијата ќе ја чини 25 милиони евра дневно.