МРТ, 23.02.2010

 

Британски Боинг 757 е приземјен веднаш по полетувањето откако од резервоарот почнало да тече гориво. Неколку минути по полетувањето на авионот од аеродромот во Турин Каселе кон Бирмингем, капетанот и аеродромските служби на земја, приметиле дека од крилото на авионот тече гориво. Авионот бил безбедно приземјен, а сите 231 патници се сместени во хотел во близина на аеродромот и чекаат ново летало за Бирмингем.