Нова Македонија, 24.02.2010

 

Стотици откажани лета и хаос на аеродромите во повеќе европски градови. Ваков е епилогот од штрајкот на контролорите на летање во Франција, кои тврдат дека се загрозени нивните работни места. И во Британија и во Германија, вработените во авионскиот сообраќај се заканија со нови штрајкови ако не им бидат исполнети барањата за подобри услови
Една четвртина од летовите од парискиот аеродром „Шарл де Гол“ и
половина од летовите од аеродромот „Орли“ вчера беа откажани поради
петдневниот штрајк на контролорите, кои протестираат против
единствената европска политика во авиосообраќајот заради модернизирање на контролата на летањето.

Најголемата авиокомпанија во
Европа, германска „Луфтханза“, успеа да ги убеди пилотите да го
прекинат четиридневниот штрајк и да се вратат на преговарачка маса, но
членовите на екипажите на „Бритиш ервејз“ на Островот се заканија со
нови штрајкови поради работните услови, јави АФП.