Досега најмасовен генерален штрајк вчера ја блокира Грција – На улици два милиона работници!
Вечер, 25.02.2010
Мотото на штрајкувачите: Бараме товарот да се распореди сразмерно, за работниците и пензионерите да не ја платат цената на кризата која не ја создале Вчера, цела Грција беше парализирана од општонационалниот штрајк на околу два милиона работници, кои по којзнае кој пат го изразија својот револт кон владината политика за максимално затегнување на работничкиот ремен, како наводен единствен начин за излегување од досега најдлабоката финансиска и економска криза во која западнала земјата.
Во Атина, Солун и другите градови на улиците излегоа десетици илјади Грци, а во главниот град на Грција дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите,при што, органите на редот употребија солзавец за да ги растераат штракувачите. Поради штрајкот вчера не сообраќаа: возовите, автобусите, бродовите, метрото и тролејбусите. Не летаат ниту авионите поради штрајкот на контролорите на летање, а откажани се сите предвидени летови. Во штрајкот се вклучија и цариниците, вработените во здравството и образованието, државните претпријатија, локалната самоуправа, банките и медиумите. Болниците работеа со намалени екипи и опслужуваа само итни случаи во своите ургентни центри.Без јавен превоз останаа милиони граѓани на Атина и другите градови, не работеа училиштата, не излегоа весници… “Грчкиот народ знае дека финансиите на земјата се во очајна состојба, но мерките на Владата не се чесни.
Бараме товарот сразмерно да се распореди, така што работниците и пензионерите да не ја платат цената на кризата која не ја создале” – рече Јанис Панагопулос, лидерот на моќниот синдикат ГСЕЕЈ кој е еден од организаторите на најмасовниот штрајк од доѓањето на Папандреу на власта.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк