МИА, 26.02.2010

 

Штрајкот на француските авиодиспечери, кој трае веќе три дена и денеска доведе до откажување на повеќе летови, а како што е најавено протестот ќе продолжи и во текот на викендов. На аеродромот „Орли“, јужно од Париз 50 проценти од летовите се откажани, додека на аеродромот „Шарл де Гол“ во северниот дел на градот, се откажани 15 отсто од летовите.

Диспечерите протестираат против затворањето на работните места и против проектот на Владата да ја спои контролата на воздушниот сообраќај на Франција со службите на пет други европски држави (Белгија, Холандија, Луксембург, Германија и Швајцарија), што според нив може да предизвика промена на нивниот статус на службеници во јавниот сектор во Франција.

Авиодиспечерите по вчерашната средба со државниот секретар за транспорт Доминик Бурсо, решија да го продолжат протестот. Засега штрајкот треба да прекине во осум часот по локално време в сабота.