Вечер, 27.02.2010

 

Според неименуван извор од Владата, спогодбата би можела да се постигне веќе деновиве, а доколку државата ја прифати понудата на “богатиот и чесен” Србин, новата компанија која би се викала ЈАТ ерлајнз, ќе почнела со работа веќе во март 2011 година Засега мистериозен српски богаташ (милионер или милијардер), неодамна и понудил на српската Влада стратегиско партнерство за преземање на националната авиокомпанија “ЈАТ ервејз”, дознава “Блиц”.

Според неименуван извор од Владата, спогодбата би можела да се постигне веќе деновиве, а доколку државата ја прифати понудата на “богатиот и чесен” Србин, новата компанија со малку изменето име, би почнала со работа веќе во март 2011 година. Потенцијалниот купувач предлагал да преземе 51 процент од сопственоста на ЈАТ, а останатите 49 проценти да и останат на државата. Доколку договорот се потпише, новата компанија би го носела името “ЈАТ ерлајнз”, а на неа, Владата ќе и го префрли договорот за купување авиони од “Ербас” вреден 23,5 милиони евра.

Покрај ова, државата во новата компанија би го внела и постојниот имот на сегашен ЈАТ, а парите за заздравување на големиот загубар, исклучиво би го вложувал новиот сосопственик. Според изворот на весникот, новиот сопственик би задржал само еден од сегашните авиони на компанијата, а уште десетина би купил на лизинг. Тој гарантирал заработка на авиокомпанијата уште во следната година.

Изворот на весникот одбил да го именува заинтересираниот бизнисмен, но наведува дека е: “Чист како солза, има многу пари, сериозен е и неискомпромитиран, но не е од оние сегашните што ги нарекуваме тајкуни. Неговото име ретко се појавувало во медиумите, и тоа само во позитивен контекст. Богатството го стекнал во Србија…”. “Блиц” потсетува дека “Јат” во моментов располага со 15 авиони, со просечна возраст од над 20 години, од кои летаат само 10.