МИА, 27.02.2010

 

Нова снежна бура го парализира Њујорк, училиштата не работаат, а стотици летови се откажани или доцнат. Снежната покривка во Њујорк изнесува 50 сантиметри. Снегот почна да паѓа вчера, а според метоеоролозите, снежните врнежи ќе престанат утре. На аеродромите „Њуарк“ и „Кенеди“ откажани се стотици летови поради снегот, силниот ветер и лошата видливост. Стотици илјади луѓе се без електрична енергија во некои региони на североисточниот дел на САД.