ТАВ треба да го преземе управувањето со аеродромите во Македонија
МИА, 01.03.2010
Турски ТАВ денеска треба да го преземе 20 годишното управување со аеродормите во Македонија согласно Договорот за концесија склучен со македонската Влада. На свеченоста е најавено обраќање на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот оперативен директор на TAV Airports Holding Мурат Орнекол. Со Договорот за концесија ТАВ се обврза на инвестиција од 200 милиони евра во модернизација и изградба на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и на охридскиот „Св. Апосотол Павле“. Предвидена е и изградба на карго аеродром во Штип, но според последните најави на раководството на ТАВ таа ќе почне по 10 години откако ќе биде изготвена метеоролошка студија. Согласно концесискиот договор, ТАВ гарантира за работните места на вработените во скопскиот и во охридскиот аеродром, со нивните постоечки права. Концесионерот на скопскиот аеродорм се обврза на изградба на нова терминална зграда од 40.000 метри квадратни, да ја продолжи полетно-слетната патека за 500 метри, да изгради паркинг за автомобили, пристапен пат со нова клучка, да инсталира системи за навигација, да ја изгради потребната комунална инфраструктура, како и да изврши доградба или изградба на нова административна зграда, нови карго терминал, противпожарна станица и паркинг за воздухоплови и да набави нова потребна опрема за аеродромот да функционира согласно меѓународните стандарди. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, треба да се изврши реконструирање на постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго центарот, изградба на ВИП објект, пречистителна станица, реконструкција на постоечката административна зграда, набавка на нови патролни и противпожарни возила, како и набавка на нова потребна опрема за аеродромот согласно меѓународните стандарди. ТАВ оперира во аеродроми во седум земји и опслужува 42 милиони патници годишно. Во проекциите за Македонија предвидува годишен проток од пет милиони патници на скопскиот и 0,2 милиони на охридскиот. По преземањето на аеродромите во рацете на турскиот инвеститор ќе биде целокупното опслужување на патниците и безбедноста, за што во холдингот функционираат посебни компании. ТАВ и Владата склучија Договор за концесија во септември 2008 година, но инвестицијата беше одложена поради неможноста турската компанија да обебзеди пари, како резултат на светската економска криза.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк