Нетпрес, 02.03.2010

 

Три воени пилоти што управувале два воени авиони утрово во текот на рутински лет удриле во планината Пјонгчанг, каде што загинале, соопштуваат од јужнокорејската војска. Авионоте од типот Ф-5 удриле во планината Пјонгчанг, околу 180 километри источно од Сеул, набрзо по летот од блиската воздухопловна база, пренесува АП. Спасувачките групи подоцна пронашле делови од униформи и обувки на пилотите на местото на несреќата. За сега не се знае причината за несреќата. Новинската агенција Јонхап соопштува дека за време на несреќата паѓал снег и дувал јак ветер, но и дека планината била обвиена со густа магла. Во извештајот на агенцијата додале дека денес на планината Пјонгчанг имало повеќе групи на планинари, но нема податоци дали некој од нив настрадал.