Дневник, 04.03.2010

 

Рускиот невидлив борбен авион од петтата генерација ќе биде подготвен за користење до 2015 година, изјави Александар Давиденко, главниот дизајнер на рускиот авион. Москва забрзано се труди да ја модернизира својата застарена воена авијација.

На крајот од јануари беше изведен првиот пробен лет на долгоочекуваниот невидлив авион, со што Русите сакајќи да го достигнат технолошкиот развој на САД, својот најголем непријател од Студената војна, го добија својот прв целосно нов авион по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.- Основните карактеристики се идентични, но ние се обидовме да го направиме подобар од нивниот – изјави Давиденко, запрашан да го спореди рускиот авион со американскиот „Ф-22 раптор“, кој е направен пред речиси десет години. Тој изјави дека „Сухои“, кој го произведе прототипот Т-50, симулирал дуели со американскиот „раптор“ и дека авионот ќе има конкурентна цена, а во однос на ефикасноста ќе биде многу подобар.

Прототипите на првиот „миг-29“ и „су-27“ од претходната четврта генерација полетаа во 1997 година. Според аналитичарите, неколку држави, меѓу кои Либија и Виетнам, се заинтересирале за борбените авиони од петтата генерација. – Пред авионот да влезе во сериско производство, треба да изведе уште најмалку 2.000 пробни лета, не’ чека уште многу работа – изјави Давиденко. Премиерот Владимир Путин побара од авиоиндустријата да почне да изработува планови за производство на нов бомбардер. – Не треба да се задржиме само на изработка на еден нов модел. По петтата генерација на борбен авион, мора да почнеме со изработка на следната генерација авиони со голем долет – нашиот нов носач на стратегиски проектили – рече Путин на средбата.

Русија има голема флота од стратегиски бомбардери ТУ-95МС од советската ера, кои имаат НАТО-ознака „мечки“. Тие исто така имаат и помали број суперсонични бомбардери ТУ-160 „блекџек“, кои се најголемите воени авиони во светот. Според генералниот директор на „Сухои“, до почетокот на следната година тие треба да изработат уште три експериментални борбени авиони, а според Давиденко, 2015 година е крајниот рок за авионот да им се испорача на вооружените сили. Саркози и’ продава воени бродови Францускиот претседател Никола Саркози со својот руски колега Дмитриј Медведев договори продажба на четири „мистрали“, француски воени бродови. Зделката, досега најголема од членка на НАТО кон Русија, предизвика загриженост во Вашингтон, но и во Грузија, која лани ги загуби сепаратистичките региони Јужна Осетија и Абхазија.Русија ќе ги купи „мистралите“, носачи на хеликоптери долги 180 метри, по цена од 440 милиони евра.Русија соопшти дека бродовите ќе бидат лоцирани во Црно Море, каде што е сместен голем дел од руската поморска флота.

Медведев, кој е во тридневна посета на Париз, изјави дека продажбата на бродовите, кои сепак ќе бидат испорачани без вградена воена опрема, е симбол на доверба меѓу двете земји.на Москва