Нетпрес, 08.03.2010

 

Голем пожар избувнал измината ноќ на главниот истанбулски аеродром “Ататурк” но засега нема податоци за повредени или за предизвикана штета, пренесуваат локалните медиуми. Причините за пожарот не се утврдени, тој избувнал на електрана, која во случај на прекин на струја го снабдува аеродромот со електирична енергија, јавуваат агенциите. На самото место се наоѓаат пожарникарски екипи, пренесуваат агенциите, додавајќи дека летовите поради пожарот нема да бидат одложени.