Холандски новинари ги докажаа недостатоците во контролниот систем на аеродромите во Амстердам и Лондон
МИА, 10.03.2010
Два месеца по неуспешниот обид за терористички напад извршен на Божик од нигерискиот државјанин Омар Фарук Абдулмуталаб, група холандски новинари успеаја да пренесат шест литри течност во патнички авиони од аеродромот „Схипхол“ во Амстердам до САД. Во прилог емитуван на холандска телевизија, новинарот Алберто Стегеман покажа како тој и уште двајца негови колеги пренесуваат шишиња од безцаринската продавница на „Схипхол“ на авион кој сообраќа до лондонскиот аеродром „Хитроу“, а од таму до меѓународниот аеродром во Вашингтон. На 16 февруари новинарите внеле шест шишиња рум „Бакарди“ во авионот на „Бритиш мидленд ервејз“, кои една недела претходно ги купиле од безцаринската зона на аеродромот „Схипхол“, ги однеле дома, ги испразниле и ги наполниле со вода. На денот на летот тројцата ги вратиле шишињата повторно во продавницата, преправајќи се дека првпат ги купуваат. Продавачот ги спакувал, ги маркирал и им ги дал заедно со авионските карти. На аеродромот „Хитроу“ новинарите се префрлиле во авион на „Јунајтед ерлајнс“. – Шишињата можеа да содржат течни експлозиви, истакна Стегеман, чија цел била да покаже дека и покрај неуспешниот напад за Божик, пропустите во безбедноста на меѓународните аеродроми се уште не се отстранети. – Се уште е можно да внесеш бомба во авион од „Схипхол“ до САД, објасни холандскиот новинар. Поради ова, денеска на аеродромот во Амстердам беа воведени зајакнати мерки за безбедност. Националниот координатор за антитерористички операции изјави дека во безцаринските фришопови ќе патролираат дополнителни екипи, кои ќе вршат поконкретни контроли на шишињата, кои се купуваат од таму. Продажбата на течности во некои од продавниците ќе биде забранета.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк