МРТ, 11.03.2010

 

Поради штрајкот кој е организиран од големите грчки синдикати, против острите мерки кои ги донесе владата, во среда ќе биде отежнат или комплетно оневозможен авионскиот, железничкиот и градскиот сообраќај во оваа земја, јавија агенциите. Авионскиот сообраќај ќе биде во потполно прекинат од среда до четврток по полноќ а ќе штрајкува и синдикатот на контролорите на летање. Штрајкот е организиран на повик на Сојузот на синдикатите на грчките работници, кој има еден милион регистрирани членови. Грчките авионски компании Olympic Air и Aegean најавија смени во плановите за летање, а бродовите ќе бидат усидрени. И градскиот сообраќај во повеќето градови, како Атина и Солун ќе биде потполно прекинат, бидејќи градските автобуси и трамваите нема да возат. Одлуката за учество во штрајкот на работниците во метрото ќе биде позната во текот на денот. Ќе бидат затворени банките, училиштата, а во болниците ќе дежура само итната медицинска служба. Во штрајкот учествуваат и новинарите, па весниците и магазините нема да се појават во продажба во петок. Истовремено во големите градови ќе се одржат протести и големи штрајкови. Полицијата, пожарникарите и вработените во крајбрежната стража во четврток ќе протестираат пред главните згради на полицијата во градовите во кои живеат и работат.