Дневник, 12.03.2010

 

Раководството на „Континентал“, четврти по големина авиопревозник во САД, одлучило на интерконтиненталните летови дополнително да наплаќа за седишта со поголем простор. Цената ќе зависи од должината на летот, времето и од денот на летот, како и од конкурентската понуда, изјавила за Ројтерс портпаролката на компанијата, Џулие Кинг. Понудата ќе почне од 17 март, а патниците ќе може предвреме да го резервираат своето место.