Алфа ТВ, 17.03.2010

 

Чешката авиокомпанија ЧСА во 2009 година остварила загуба поголема од 3,5 милијарди круни (134 милиони евра) и во наредните неколку недели раководството на компанијата ќе ги соопшти плановите за реструктуирање кој треба да помогне во 2011 година да биде достигната еден вид на „црна нула“ во рамки на стопанските резултати, изјави директорот на ЧСА Мирослав Дворак за чешката државна телевизија.Дворак, на чело на ЧСА дојде кога фирмата се најде пред банкрот и фактот што тој е раководител и на прашкиот аеродром „Ризине“, чиј најголем клиент е токму авиокомпанијата треба да му помогне да ја извлече ЧСА од финасиската криза, јави дописникот на МИА од Прага.Аеродромот во Прага остварува стабилна добивка иако светската економска криза влијаеше на неговата работа. Минатата година аеродромот остварил промет од 11,5 милиони патници што е речиси за еден милион лица помалку отколку во 2008 година.Чешкиот весник „Право“ денеска, повикувајќи се на извори во чешката авиокомпанија објави дека во еден од плановите за реструктуирање на ЧСА се предвидува во рок од една до три години, флотата на авиокомпанијата да се намали за 9 авиони и да бидат отпуштени 130 млади пилоти кои би биле заменети со нивните постари колеги.Ваква кризна мерка на крајот може да излезе економски неисплатлива поради потребата за преквалификација која на постарите пилоти преба да им ја плати компанијата.Минатата година бројот на пилотите се намали за 60 од вкупниот 530 пилоти колку што броеше претходно.