Сервисот на М-НАВ лани го користеле 120 милиони патници
Вечер, 18.03.2010
За да го добие уверението, М-НАВ изготви повеќе од 100 документи со околу 8.000 страници документација Агенцијата за цивилно воздухопловство му издаде на акционерското друштво М-НАВ двегодишно уверение за оспособеност за давање услуги во воздухопловната навигација. Како што истакна на вчерашната свеченост Живко Поповски, претседател на УО на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна техника, со ова уверение и формално се верификува квалитетот на услугите што ги нуди, односно дека целосно се имплементирани стандардите за давател на услуги на воздухопловната навигација во рамките на единственото европско небо. За да го добие уверението, М-НАВ врз основа на владина Уредба за начинот на давање услуги на воздухопловната навигација, донесена на 10 септември 2008 година, изготвило повеќе од 100 документи со околу 8.000 страници документација. При изготвувањето на документацијата се консултирани експерти од Еуроконтрол и од Бугарија.- Членството на Македонија во Европската заедничка воздухопловна област и усвојувањето на европските регулативи кои ги одредуваат стандардите за начините на давање услуги во воздухопловната навигација за земјите-членки ги обврзуваат воздухопловните власти да ги имплементираат високите стандарди потребни за безбедно, експедитивно и трошковно ефикасно давање услуги и континуирано да го мониторираат и контролираат квалитетот на сервисот што се обезбедува од дезигнирани даватели на услуги на воздухопловната навигација – рече Поповски.Според него М-НАВ и системот на контрола на летање во 2009 година осплужиле 113.138 прелети и 11.176 полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром, или вкупно 124.315 комерцијални операции. – Заедно со операциите на државните воздухоплови и генералната авијација бројот на операции во минатата година надминува 130.000, односно сервисот на системот за контрола на летање го користеле повеќе од 120 милиони патници – нагласи Поповски. Прогнозите на ЕУРОКОНТРОЛ предвидуваат зголемување од 4 до 8 проценти на бројот на операции за годинава, а до 2012 година се очекува М-НАВ да опслужи повеќе од 150.000 операции.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк