Дневник, 19.03.2010

 

Турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс соопшти дека нејзиниот одбор на директори се’ уште не донел одлука за можно стратегиско партнерство со српскиот авиопревозник ЈАТ ервејс, јавија турски медиуми.Генералниот директор на ЈАТ, Срѓан Радовановиќ, изјави дека сите помали компании мора да влезат во стратегиско партнерство со големи компании и додал дека досега најсериозна била заинтересираноста на Туркиш ерлајнс, со кој напредуваат преговорите.