МРТ, 23.03.2010

 

Аеродромот Јоже Пучник во Љубљана целосно ќе биде затворен за сообраќај од седми до 21 април годинава, соопшти словенечкото министерство за транспорт. Причина за 15-дневното затворање на аеродромот е реновирање на пистата. Словенечката национална авиокомпанија Адриа ервејс ќе оперира од аеродромот во Марибор, а некои компании ќе го користат и аеродромот во Порторож.