Бритиш ервејс се извлече од штрајкот
Дневник, 23.03.2010
Во текот на штрајкот на аеродромот „Гетвик“ се реализирани 97 отсто од летовите, а од „Хитроу“, кој е матичен аеродром за авиокомпанијата, остварени се 52 отсто од редот на летањеТридневниот штрајк на помошниот персонал на авионите на најголемата британска воздухопловна компанијата Бритиш ервејс го наруши редот на летањето, посебно од лондонскиот аеродром „Хитроу“, но не го блокира нејзиното работење, како што тоа го сакаа синдикатите, јави дописникот на МИА од Лондон.Претставник на компанијата изјави дека во текот на деновите од викендот на аеродромот „Гетвик“ оваа компанија реализирала 97 отсто од предвидените летови кон и од Лондон, додека од „Хитроу“, кој важи како матична база на авионите на Бритиш ервејс се остварени 52 отсто од нејзиниот ред на летање.Синдикалната унија „Унита“, која е организатор на штрајкот, тврди дека ситуацијата е полоша отколку што ја прикажува компанијата, инсистирајќи дека 140 авиони на Бритиш ервејс останале приземјени на пистите на „Хитроу“.
Својот намален, но одржуван распоред на летови од и кон британскиот главен град компанијата го остварува со помош на отпуштените 1.100 вработени, кои делумно ги заменуваат штрајкувачите.Претставник на синдикатот, пак, тврди дека на повикот на Бритиш ервејз се одзвале само 300 луѓе, што компанијата го демантира. Таа соопшти дека ја има целосната поддршка за оние што се одлучија да работат, а не да штрајкуваат, за да и’ помогнат на компанијата која се соочува подолго време со загуби.
Тридневниот штрајк е организиран откако синдикатот и управата на Бритиш ервејс не се согласија околу замрзнувањето на платите за помошниот персонал за две години и со планот за намалувањето на бројот на екипажите на долгите и интерконтинентални летови за еден човек, за да се намалат трошоците. Синдикатот веќе соопшти дека во сабота ќе штрајкуваат четири денови, а се закани со слични акции и во текот на април, продолжувајќи да ја обвинува управата на Бритиш ервејс дека сака да отвори „војна“ со синдикатите.Опозицијата ја обвинува владата дека стои настрана затоа што синдикатот „Унита“ има донирано 11 милиони фунти за изборната кампања на владејачката Лабуристичка партија. Бизнис-лидерите од Лондон предупредија дека штрајкот му штети на угледот на Бритиш ервејс, на британскиот бизнис, како и на Лондон како финансиски центар.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк