Дневник, 29.03.2010

 

Екологистите и локалното население, со поддршка на општинските совети, со судска одлука го блокираа владиниот план за изградба на трета писта за полетување и слетување на најголемиот лондонски и британски аеродром „Хитроу“.Коалиција од „Гринпис“, шест совети на општините во околината, како и населението што живее околу аеродромот, се спротивставија на решението за изградба на уште една писта. Тие тврдеа дека тоа ќе предизвика зголемување на бучавата и уште повеќе ќе го зголеми воздушното загадување, затоа што новата писта значително ќе го зголеми бројот на авиони што ќе слетуваат и ќе полетуваат од лондонското воздушно пристаниште.Вишиот суд во Лондон пресуди дека процедурата за давање „зелено светло“ за изградба на трета писта е неодржлива. Тоа не значи дека третата писта не смее да се гради, но судската одлука ги обврзува нејзините планери да ги имаат предвид и промените на климата. Министерот за транспорт, лорд Адонис, по судската одлука најави враќање на проектот и повеќе работа, инсистирајќи дека третата писта на „Хитроу“ значи отворање многу нови работни места.Решението на владата да се поддржи изградба на уште една писта на „Хитроу“ првпат е донесено во 2003 година, а минатата година таквата одлука уште еднаш беше потврдена.