Започна новата истрага за уривањето на владиниот Кингер- МВР во Босна по нови докази за падот на авионот на Трајковски
Вечер, 03.04.2010
Според информациите на ВЕЧЕР тимот на МВР бил во атарот на Матиќ Брдо, кај селото Хусковиќи, каде што беа пронајдени остатоците од леталото и разговарале со мештаните кои на денот на несреќата раскажуваа дека екипите на СФОР биле во селото, се упатиле во правец каде подоцна беа најдени остатоците од кингерот, а потоа заминале од терен, за по 26 часа повторно да се појават и да кажат дека конечно ги пронашле телата на македонската делегација Пет дена тим од истражители на македонското МВР спроведуваат истрага во Босна и Херцеговина за падот на владиниот кингер. Истражителите ќе проверуваат дали смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски и неговата делегација е несреќен случај. Според информациите на ВЕЧЕР тимот на МВР бил во атарот на Матиќ Брдо, кај селото Хусковиќи, каде што беа пронајдени остатоците од леталото и телата на патниците. Нашите извори посочуваат дека тие веќе разговарале со мештаните кои на денот на несреќата раскажуваа дека екипите на СФОР биле во селото, се упатиле во правец каде подоцна беа најдени остатоците од кингерот, а потоа заминале од терен, за по 26 часа повторно да се појават и да кажат дека конечно ги пронашле телата на македонската делегација. Новата истрага ќе треба да покаже дали тврдењата на мештаните се точни или не. Истражителите ќе се обидат да ги испитаат и тврдењата дека припадниците на босанската полиција и спасувачките екипи биле спречени од претставници на СФОР да пристапат до местото на несреќата. Се уште е прашање дали ќе успеат да дојдат до припадниците на СФОР кои на кобниот ден биле во контролната кула, но органите на истрагата немале можност да ги испитаат. Кои се 18-те секунди кои недостигаат од разговорот снимен од црната кутија, логичност во степенот на изгореност на телата во споредба со недопреноста на лесно запалливите делови од облеката, патните исправи, пластичните предмети, трупот на авионот, зошто истрагата во Босна заврши толку брзо се само дел од прашањата на кои треба да одговори новата истрага.Изворите на ВЕЧЕР велат дека истрага се спроведува и во Сараево, во институциите кои се грижеа за спроведување на тамошната истрага. Годинава беше донесена одлука Мешовита комисија во која партиципира и МВР, формирана од страна на Владата да преземе координирани мерки во прибавување нови факти и докази кои би помогнале во расветлување на случајот. Најголема иницијатива за преиспитување на истрагата покажа швајцарскиот европратеник Андреас Грос, кој бил личен пријател на Трајковски. По неговото барање, беше формирана и собраниска Анкетна комисија во која членуваат пратеници од најголемите парламентарни партии и која ги охрабри надлежните органи и институции да продолжат со започнатата истрага до целосно испитување на сите околности за загинувањето на претседателот Трајковски. Неодамна, на шестгодишнината од падот на авионот, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, изјави дека случајот се уште не е затворен се додека постои најмал сомнеж во однос на причините за несреќата.- Тешко е да се прејудицира што ќе биде исходот од работењето на оваа комисија, меѓутоа додека постои најмала шанса да добиеме информации за да знаеме што точно се случи со авионот во кој патуваше делегацијата ние нема да застанеме и овој случај за нас ќе биде отворен. Мора да биде расчистена и последната нејаснотија, изјави тогаш Јанкулоска. МВР претходно побара Обвинителството повторно да отвори истрага за несреќата, но барањето беше одбиено со образложение дека одлуката е донесена врз основа на грижлива, свесна и сеопфатна анализа на комплетно прибавен доказен материјал непосредно по падот на авионот и дека не постојат нови докази за повторување на истрагата. Дали пропусти на екипажот беа причина за несреќата!? Истрагата која порано ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето на владиниот кингер, во кој летаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност. Екипажот отстапил од процедурата за слетување, откако претходно ја известил контролата на летање дека ја прифаќа процедурата и дека врши полна процедура при слетувањето. Но семејствата на загинатите не беа задоволни од истрагата. Сметаа дека не добиле одговор на многу нивни прашања. Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан-Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
Архива
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк